SportM
Фудбал

Гатузо пред нова работа?

Д М12 ное 2021
Гатузо пред нова работа?

Легендарниот Џенаро Гатузо наскоро би можел да најде нова работа.

Имено, според Дејли рекорд, Гатузо би можел да го наследи Стивен Џерард на клупата на Астон Вила.

Гатузо играше за Ренџерс во сезоната 1997-98 година, а неговата сопруга е од Шкотска.

Во летото оваа година тој си замина од италијански Наполи, а потоа и од Фиорентина откако го водеше тој клуб само 20 дена.

Гатузо потоа со меѓусебен договор го раскина договорот, а италијанските медиуми тврдеа дека причината е конфликтот со претседателот Комис.

Наводно тензиите биле големи, а причина биле засилувањата кои ги барал темпераментниот стручњак.

Фиорентина сакаше поевтини играчи, а Гатузо реши да го крене сидрото.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.