SportM
Фудбал

Гатузо: Сите говорат дека би играл со Роналдо или Меси, но не, јас би сакал…

Д М13 окт 2018
Гатузо: Сите говорат дека би играл со Роналдо или Меси, но не, јас би сакал…

Легендарниот фудбалер на Милан, кој моментално е тренер на овој клуб Џенаро Гатузо, во интервју за сајтот УЕФА зборуваше за идеалниот соиграч.

Гатузо со неговата изјава дека не сака Меси или Роналдо да бидат негови соиграчи, изненади многумина.

„Со кој од моменталните фудбалери би сакал да играм? Ги има многу. Сите говорат дека би играл со Роналдо или Меси, но не, јас би сакал да играм со Модриќ“, изјавил Гатузо и додал:

„Тој е одличен играч, има јак карактер, фудбалер од глава до пето“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.