Гатузо: Триумфот над Сасуоло ќе ни помогне да ја вратиме самодовербата
Д М1 окт 2018

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, изјави дека синоќешната победа над Сасуоло (4:1) во натпреварот од 7. круг од првенството во Италија ќе му помогне на тимот да ја зголеми самодовербата.
– Покажавме добар фудбал. Наш проблем е тоа што противниците се бранат премногу длабоко. Победата над Сасуоло ќе му помогне на Милан да се стекне со доверба во сето она што го работиме. Јасно е дека клуб како Милан секогаш е под притисок да победува. Но, се уште ни треба време да растеме, изјави Гатузо.
Милан со девет бода се наоѓа на 10.место по седум рунди во Серија А.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



