Гатузо „жртвува“ дел од својата плата за да го донесе Осимен во Наполи
Д М15 јул 2020

Италијанскиот стратег, Џенаро Гатузо, доброволно ќе се откаже од дел од неговата плата за да му помогне на клубот да го купи напаѓач Виктор Осимен од Лил, објави „The State Of Play“.
Италијанските медиуми веќе пишуваат дека клубот и 21-годишниот Нигериец веќе ги договориле условите и ќе потпишат договорот до јуни 2025 година. Останува уште да се усогласат деталите за трансферот со францускиот клуб.
Осимен има 18 голови и 6 асистенции на 38 натпревари за Лил во сезоната 2019/20. Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на играчот на 27 милиони фунти.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



