SportM
Фудбал

Гави: Шпанија ја сака титулата во Катар

Д М5 дек 2022
Гави: Шпанија ја сака титулата во Катар

Шпанскиот репрезентативец Гави изјави дека целта на неговата селекција е да ја освои титулата на Светското првенство во Катар.

„Натпреварот против Јапонија е лекција за иднината. За среќа, тој пораз не остави никакви последици. Јасно знаеме што треба да направиме. Сè уште сме фокусирани на целта – да го освоиме Светското првенство. Тоа ќе го постигнеме со тоа што ќе останеме верни на она што го правевме сите овие години. Би било грешка да се откажеме од сè во што веруваме сега“, рече Гави.

Во вторник од 16:00 часот Шпанија во осминафиналето игра против Мароко, кој го освои првото место во групата Ф.

 

Шпанците ја победија Костарика со 7:0, потоа одиграа 1:1 со Германија, а потоа загубија од Јапонија со 2:1. Тие завршија на второто место во групата Е со четири бода.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.