SportM
Фудбал

Ѓаволски дриблинг на „наелектризираниот“ Винисиус: Фудбалскиот свет досега не видел вакво нешто

Д М7 окт 2022
Ѓаволски дриблинг на „наелектризираниот“ Винисиус: Фудбалскиот свет досега не видел вакво нешто

Винисиус Јуниор демонстрираше понапредна верзија на познатиот дриблинг на Роналдињо наречен „еластико“.

Кога станува збор за дриблинг и егзибиции за време на натпреварите, ретко кој фудбалер во модерниот фудбал може да го каже истото како Винисиус Јуниор.

Брилијантниот Бразилец делува „електричен“ со топката во неговите нозе и од натпревар во натпревар додава нови имиња на својата листа на жртви. Во последната година постигна многу голови и забележа асистенции, но дриблингот е она што најмногу привлекува внимание.

 

На последниот натпревар на Реал против Шактар, овој 22-годишник повторно блескаше, покажувајќи дриблинг каков што досега не видел фудбалскиот свет.

Досега слични дриблинзи правеа неговите сонародници Роналдо и Роналдињо, но Винисиус отиде чекор понатаму кога го пречекаа двајца играчи на украинските рудари.

https://twitter.com/FootyLover3/status/1577784283028152320

Бразилецот ја „залепи“ топката за ногата, ја повлече наеднаш и ја подигна и ја протна меѓу двајца противници кои не успеаја да го сопрат. Тоа беше навистина феноменален потег.

Винисиус беше доволен за да се ослободи од двајца противници на око. Бразилецот е дефинитивно незапирлив на моменти и е на добар пат да стане легенда на Реал Мадрид.

За играч чија вредност се проценува на повеќе од 100 милиони евра, само небото е граница, особено откако направи значителен напредок во последните неколку месеци.

Според некои проценки, моментално само двајца играчи се повредни од Винисиус. Станува збор за Ерлинг Халанд од Манчестер Сити и Килијан Мбапе од ПСЖ.

Токму овие двајца треба да му се приклучат на Винисиус во Реал за две години бидејќи нивните договори имаат клаузули според кои можат да бидат ослободени од нивните сегашни клубови во 2024 година.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.