Connect with us

Фудбал

Газета: Јувентус сака да го задржи Влаховиќ до 2028 година.

Челниците на Јувентус се подготвени да му понудат продолжување на договорот на српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ до јуни 2028 година, пренесува Газета дело спорт.

 

Влаховиќ пристигна во Јувентус на почетокот на 2022 година од Фиорентина за 80 милиони евра. Српскиот репрезентативец има договор со торинскиот клуб до 30 јуни 2026 година.

Одличниот напаѓач оваа сезона се истакна во дресот на Јувентус, откако на 25 натпревари постигна 15 гола. Газета дело спорт пренесува дека спортскиот директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли е во добри односи со менаџерот на српскиот фудбалер Дарко Ристиќ.

„Менаџерот на Влаховиќ повтори дека е отворен за дијалог за продолжување на соработката, а Џунтоли претстави идеја која може да ги задоволи сите страни. Влаховиќ има договор со зголемена плата, почнувајќи од 7,5 милиони евра по сезона (плус бонуси). Моментално заработува околу 10 милиони евра годишно, а во последната сезона од договорот ќе има плата од околу 12 милиони евра. Клубот веќе ја проучува најдобрата формула за комбинирање на потребите на двете страни. Јувентус има за цел да ги амортизира трошоците, додека центарфорот со право сака поголема плата. Доколку се земат предвид сите елементи, продолжувањето на договорот за две години би било најдобро решение“, пишува Газета дело спорт.

Влаховиќ за Јувентус досега одигра 88 официјални натпревари и постигна 38 голови.