SportM
Фудбал

Герет Бејл и во Париз ќе игра и голф, а за се се погрижи Реал Мадрид

Д М20 мај 2022
Герет Бејл и во Париз ќе игра и голф, а за се се погрижи Реал Мадрид

За осум дена во Париз не очекува финалето на Лигата на шампионите во кое силите ќе ги одмерат Реал Мадрид и Ливерпул.

Реал Мадрид внимаваше на секој детал и на тој начин изнајми луксузен замок како сместување во Париз за неговиот тим.

Мадриѓаните го изнајмија целиот замок, кој се наоѓа во близина на Париз, каде ќе биде сместен тимот, а зградата е многу посебна.

 

Има дури и терен за голф, а „лошите момци“ велат дека овој избор клубот го направил специјално за Герет Бејл, кој е љубител на голфот.

Во секој случај, Бејл оваа сезона повеќе игра голф отколку фудбал, поради повредите, формата и тоа што Анчелоти не се потпира на него.

 

Герет Бејл, кој најверојатно нема ни да игра во ова финале, повеќе од две сезони е товар на Реал Мадрид. Велшанецот има најголема плата во тимот и секогаш одбивал да оди во друга екипа.

 

Замокот изнајмен од Мадриѓаните, Auberge du Jeu de Paume, се наоѓа на имотот Шантили и делумно е претворен во хотел. Зградата е историска, а замокот е опкружен со вода и има прекрасни градини.

 

Целата површина зафаќа површина од 7.800 хектари, а сместувачкиот капацитет е 600 луѓе. Цената за ноќевање е 2.947 евра.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.