SportM
Фудбал

Германија преку пресврт до победа против нашиот јужен сосед (ВИДЕО)

Редакција8 јун 2024
Германија преку пресврт до победа против нашиот јужен сосед (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Германија синоќа ја победи Грција со 2:1 во пријателски натпревар одигран на „Борусија-Парк“ во Менхенгладбах пред 55 илјади гледачи.

Грчкото крило Георгиос Масурас погоди во 33. минута. Каи Хаверц израмни во 56. минута. Во финишот (89. минута) Паскал Грос и донесе победа на Германија.

Германија во групната фаза на Европското првенство 2024 ќе игра против Шкотска, Унгарија и Швајцарија.

Покрај Англија и Франција, Германците кои ќе бидат домаќини на Евро, се вбројуваат во фаворити за шампионскиот трофеј.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.