Геце во Ливерпул? Клоп ја донесе одлуката

Марио Геце ја напушта Борусија Дортмунд во најдобрите фудбалски години.
Пред шест години, Геце ја водеше Германија до титулата светски шампион, но во меѓувреме неговата кариера не помина на искачување, поради честите повреди.
Бидејќи претежно излегуваше од клупата, Геце одби да потпише нов договор со Борусија и веќе се шпекулира каде би можел да ја продолжи кариерата летово.
Геце е нестрплив за нови предизвици и веќе ангажираше нов агент за да му најде ангажман, а некои медиуми го споменуваат Ливерпул како следна дестинација, особено поради Јирген Клоп.
Неодамна, германскиот стручњак изјави дека Геце е најдобриот играч со кој некогаш работел, но „Evening Standard“ тврди дека на „Енфилд“ го сметаат потенцијалниот трансфер бесмислен и дека 27-годишниот не се вклопува во плановите.
Самиот Клоп, наводно, ја отфрли можноста по втор пат да се обиде да работи со Геце, но сега на „Енфилд“.
Интерес за услугите на Геце, наводно, покажале Интер и Рома, но и Баер Леверкузен би сакал да го види во неговите редови.



