SportM
Фудбал

Ги надминаа милионте евра на ПСЖ: Реал Мадрид му нуди неверојатна плата на Мбапе!

Д М18 фев 2022
Ги надминаа милионте евра на ПСЖ: Реал Мадрид му нуди неверојатна плата на Мбапе!

Договорот на Килијан Мбапе со ПСЖ истекува на лето.

Според сите најави од странските медиуми, овој одличен фудбалер летово треба бесплатно да замине во Реал Мадрид, но се уште нема официјална потврда за тоа, како и потврда дека ќе ја продолжи соработката со ПСЖ.

Угледниот британски Индепендент вчера објави дека ПСЖ е подготвен да го направи Мбапе најплатен фудбалер во светот и ќе му дава плата од нереални милиони евра неделно.

Тоа би го направило Мбапе најплатен фудбалер во светот, но се чини дека Реал Мадрид кој очајно го посакува во своите редови е подготвен да оди чекор понатаму.

Истиот извор сега тврди дека Кралскиот клуб е подготвен да му понуди на Мбапе дури 1,2 милиони евра неделно, за да го убеди да потпише за овој клуб.

Исто така, треба да се напомене дека шпанските медиуми објавија дека Мбапе веќе бара куќа во Мадрид преку овластени агенции во елитната населба Ла Моралеха, каде што живеат повеќето играчи на Реал Мадрид.

На лето статусот на Мбапе секако ќе биде најинтересен за следење и неговиот трансфер или останување дефинитивно ќе биде врв на летниот преоден рок.

Да потсетиме, Мбапе пристигна во ПСЖ од Монако во летото 2017 година и четири пати беше француски шампион со парижаните, но следен предизвик е Лигата на шампионите во која стигна до финалето каде во 2020 година беа поразени од Баерн Минхен.

Сезонава постигна 22 гола на 32 натпревари и им подели 16 асистенции на соиграчите.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.