SportM
Фудбал

Главниот напаѓач на Италија нема да го започне натпреварот против Хрватска поради PlayStation

Редакција22 јун 2024
Главниот напаѓач на Италија нема да го започне натпреварот против Хрватска поради PlayStation

Хрватска и Италија во понеделник од 21:00 часот во Лајпциг ќе одиграат клучен натпревар за минување од групата Б во Лајпциг. По две кола, Шпанија има шест бода, Италија три, а Хрватска и Албанија по еден, а јасно е дека дуелот меѓу „аѕурите“ и „коцкестите“ ќе одлучи кој ќе оди во осминафиналето.

Италијанските медиуми пренесуваат дека тренерот Лучијано Спалети ќе направи бројни промени во тимот што настапуваше досега, а најинтересната промена ќе се случи во нападот. Имено, првиот напаѓач Џанлука Скамака ќе заврши на клупата за резервни играчи и тоа од прилично бизарна причина. Тој го прекрши правилото на италијанскиот селектор за забрана на игрите на Плејстејшн за време на еврото, а наместо него во стартниот тим против Хрватска ќе биде Матео Ретеги. Исто така, на десната бековска позиција ќе отсуствува Џовани Ди Лоренцо, а наместо него ќе игра Матео Дармијан. Жоргињо најверојатно ќе биде преселен на клупата, а на негово место би можеле да играат Николо Фаџоли или Брајан Кристанте.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.