Го донесоа како слободен играч, а сега за него треба да платат 18 милиони евра!
Д М31 окт 2018

Португалскиот голман Руи Патрицио ова лето го засили Вулверхемптон, во која пристигна од Лисабон.
Патрицио одлучи да го напушти Спортинг ова лето, откако навивачите ги нападна играчите на клубот. Португалскиот голман пристигна како слободен играч, но се појавија проблеми откако Спортинг одлучи да го тужи Вулверхемптон.
Од Спортинг соопштиа, дека, Патрицио се уште е нивниот голман, а Вулверхемптон мора да плати надомест за него. Португалците се жалат на ФИФА, која очигледно одлучи во нивна корист, бидејќи Вулверхемптон ќе мора да плати надомест за Патрицио.
“Вулверхемптон постигна договор со Спортинг за обесштетувањето на Руи Патрицио, а нашиот клуб ќе плати 18 милиони евра за голманот на сметка на Спортинг”, рекоа од англискиот клуб.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



