SportM
Фудбал

Го гледа соиграчот во лице, слави со него и веќе подолго време на не чесен начин му забива нож во грб

Д М29 сеп 2022
Го гледа соиграчот во лице, слави со него и веќе подолго време на не чесен начин му забива нож во грб

Со месеци се шпекулира за лоши односи меѓу Килијан Мбапе и Нејмар.

 

Иако ПСЖ под водство на овие фудбалери со додавањето на Лионел Меси игра многу добро, двоецот Мбапе-Нејмар воопшто не може да се толерира.

 

Угледниот француски весник „Л’Екип“ донесе интересна приказна и тврдат дека „Мбапе не го сака Нејмар во ПСЖ“ и пишува за многу напнатиот однос меѓу двајцата фудбалери.

Мбапе сака да биде главна ѕвезда на тимот. Наводно, тој дури побарал и заминување на Бразилецот од клубот, но на крајот тоа не се случило и Французинот бил многу лут на управата на клубот.

https://youtu.be/bZAASRxPiBQ

Од друга страна, Нејмар е разочаран. Не може да верува дека клубот му дозволува на фудбалер да прави што сака и дека може да бара одредени работи кои никој друг не би ги направил.

 

Францускиот весник наведува и дека Лионел Меси се обидел да ги подобри односите меѓу колегите. Не успеал во тоа и врската била сериозно нарушена.

 

Од страна не изгледа така. Мбапе и Нејмар облекоа лажни насмевки и делуваат опуштено, дури и заедно славеа голови за да изгледа дека се е во ред.

https://youtu.be/bkf0GD8AfYo

Килијан Мбапе неодамна призна дека има многу повеќе слобода во француската репрезентација отколку во ПСЖ.

 

„Овде имам многу поголема слобода во играта. Во ПСЖ тоа не постои. Ме бараат некои други работи, сосема е поинаку“, изјави Мбапе.

 

Нејмар, пак, имаше интересен одговор на новинарското прашање за односот со неговиот соиграч. Кисело се насмеа и си замина кога слушна што го прашуваат.

Бразилецот во досегашниот дел од сезоната на 11 натпревари постигна 11 гола и осум асистенции. Мбапе постигна девет гола, но нема асистенции.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.