Connect with us

Фудбал

Го гледаше Чави во очи и го лажеше: „Смирено чекам да се огласи“

Усаман Дембеле реши да ја одбие понудата на Барселона за продолжување на соработката.

Иако каталонскиот тим бил подготвен да му понуди нов договор, Дембеле преку агент побарал огромна сума на пари, на што Барселона не се согласила и тој најверојатно нема да остане во клубот.

Францускиот фудбалер го изневери тренерот Чави Ернандез. Дембеле на состаноците му кажал дека сигурно ќе остане, но по последниот телефонски разговор на Чави му било јасно дека фудбалерот го излажал.

Токму затоа, според каталонските медиуми, Дембеле го загубил и последниот човек кој верувал во неговиот успех во клубот.

Чави денеска не сакаше да зборува премногу за 24-годишниот фудбалер и јасно стави до знаење:

„Не можам повеќе ништо. Смирено чекам да се огласи. Тој треба да чекори напред, но и да размислува за својата иднина. Мислам дека неговата иднина е Барселона“, изјави Чави.

Дембеле во последните години го попречуваат повредите, па навивачите на Барселона го сметаат за промашен трансфер, со оглед на тоа што во 2017 година за него беа платен 135 милиони евра на Борусија Дортмунд.

Реклама

Facebook

Реклама