Го гризна протвничкиот играч за половиот орган – доби суспензија од пет години

Честопати, настаните на (и покрај) спортските терени во медиумите премногу леснос се карактеризираат како срамни или бизарни, но инцидентот за кој станува збор е тешко да се опише поинаку.
Бизарниот инцидент се случи по натпреварот од француската пониска лига помеѓу СЦ Тервил и АС Сотрих – минатиот ноември.
По натпреварот на гореспоменатите клубови, одигран во Тервил (град оддалечен 300 километри од Париз, во близина на границата со Луксембург), се водеше дебата и потоа тепачка.
Сето тоа се случило во соблекувалните, а подоцна и на паркингот пред стадионот и кога еден играч на Тервил се обидел да ги раздели двајцата кои се бореле, играчот на Сотрих го гризнал за половиот орган.
Несреќниот играч на Тервил беше пренесен во болница. Заработи 12 конци и поради повреда не можеше да функционира четири дена. Потоа, тој го пријавил човекот кој го каснал, а полицијата отвори истрага.
Сега Дисциплинскиот одбор на Мосел воведе санкција. Играчот беше суспендиран од фудбалот пет години, а неговиот клуб е казнет со 200 евра.
И повредениот играч е казнет со казна до јуни, за „чин на бруталност“ во соблекувалната и на паркингот.
Исто така, е казнет и Тервил со 200 евра за „недостаток на реакција од клупските лидери“ по насилството. На клубот му беа одземени два бода веднаш по инцидентот во ноември.



