Го исвиркуваја, постигна хет-трик и испрати порака до навивачите

Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ го совлада Норвич Сити со 3:2.
Иако водеа со 2-0 благодарение на двојниот стрелец Кристијано Роналдо, „црвените ѓаволи“ едвај успеаја да победат на крајот. Норвич успеа да се врати, но Јунајтед успеа да дојде до победа од 3-2.
Во 76. минута одличниот Роналдо повторно ја покажа својата класа, па комплетираше хет-трик за три бода со кои Јунајтед се најде на петтото место и ќе ја продолжи трката на оваа екипа за четвртата позиција за настап во Лигата на шампионите следната сезона.
Тоа беше одличен одговор од Кристијано Роналдо откако тој и неговиот соиграч Пол Погба беа исвиркани, а по натпреварот им порача на навивачите дека нема предавање.
“Многу сум среќен за оваа победа и за тоа што се вративме на добрите игри во Премиер лигата. Мојата игра е уште поважна бидејќи ни донесе три бода. Честитки момци, тоа беше голем напор од сите. Ние нема да се предадеме, ќе се бориме до крај“, изјави Роналдо.
По овој резултат, Манчестер Јунајтед на табелата ги престигна Вест Хем и Арсенал и сега е на 5. место со три бода помалку од четвртопласираниот Тотенхем.
Инаку, ова беше вкупно 60. хет-трик во кариерата на Кристијано Роналдо, додека неговиот „вечен ривал“ Лионел Меси има пет помалку.



