SportM
Фудбал

Го избркаа од клубот, но по тоа што го направи, но од срам не можат во очи да го погледнат

Д М26 мај 2022
Го избркаа од клубот, но по тоа што го направи, но од срам не можат во очи да го погледнат

Во Тирана синоќа се одигра премиерното финале на Конференциската лига, а првиот трофеј во ова натпреварување го освои Рома.

Вучица во финалето го совлада Феенорд со голот на Заниоло во 32. минута и со тоа го освои првиот трофеј по 2008 година кога беа победници на Купот и Суперкупот на Италија.

Синоќешната титула за Рома носи уште едно големо значење, бидејќи тоа е првиот трофеј на Рома во Европа по 1961 година кога го освои Купот на велесаемски градови, кој и го донесе португалскиот стручњак Жозе Мурињо.

Португалецот на тој начин стана единствениот тренер кој во својата витрина ги има сите три тековни натпреварувања на УЕФА, откако ја освои Лигата на шампионите со Порто и Интер, и Лига Европа со Порто (тогаш Купот на УЕФА) и Манчестер Јунајтед.

Токму луѓето од Манчестер Јунајтед кои буквално го исфрлија од клупата на овој клуб не треба да имаат образ да го гледаат во очи.

Имено, 2017 година беше последната година во која „црвените ѓаволи“ освоија трофеј, а тие трофеи ги освои Мурињо. Прво, на почетокот на сезоната во 2016 година беше освоен Суперкупот на Англија, а подоцна и Лигата на Европа и англискиот Лига куп.

Во декември 2018 година, Мурињо доби отказ на клупата на Манчестер Јунајтед, но од тогаш клубот од Олд Трафорд нема освоено апсолутно ништо.

Оваа сезона беше една од нивните најлоши, клубот од клупата го предводеше прво Оле Гунар Солксјаер, а потоа и Ралф Рангник. Резултат на сето тоа беше испаѓање од домашните купови, од Лигата на шампионите во осминафиналето и најлошо од се, позицијата во Премиер лигата која води во Лига Европа, а не во елитното европско натпреварување.

Така, откако Јунајтед го „шутна“ Мурињо, „Специјалниот“ има еден освоен трофеј, а Ѓаволите ниту еден.

По отказот во Јунајтед, Мурињо паузираше до ноември 2019 година, кога го презеде Тотенхем, а од летото 2021 година ја водеше Рома, а во првата сезона му го донесе трофејот на клубот од италијанската престолнина, а синоќа најави дека сигурно ќе остане и следната сезона.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.