SportM
Фудбал

Го одби Милан и го избра Лидс: Барселона продаде уште еден играч

Д М29 јун 2021
Го одби Милан и го избра Лидс: Барселона продаде уште еден играч

Помладиот Фирпо скоро сигурно ќе ја напушти Барселона ова лето.

24-годишниот дефанзивец пристигна во каталонскиот клуб пред две години од Бетис, но не успеа да се наметне за да добие посериозна минутажа.

Фирпо најчесто влегуваше од клупата во претходните две сезони, па не играше ни приближно како што очекуваше кога пристигна во Барселона.

Тој игра како лев бек зацементиран од Жорди Алба, и очигледно е дека Фирпо веќе нема трпение да ја чека можноста.

Шпанските медиуми објавија дека Фирпо решил да ја напушти Барселона и кариерата ќе ја продолжи во Англија.

Фабрицио Романо на Твитер потврди дека Фирпо е на чекор од заминување во Лидс Јунајтед и дека сега се чека само официјалната потврда за овој трансфер. 24-годишникот ќе потпише договор во наредните денови, по што сè ќе биде официјализирано.

Во претходниот период, Фирпо исто така беше поврзан со преселба во Милан, но на крајот тој реши да ја прифати понудата на Лидс.

Барселона ќе заработи 15 милиони евра од овој трансфер плус дополнителни бонуси. Се очекува Фирпо да потпише четиригодишен договор со Лидс.

Фирпо понуди во Бетис, од каде се пресели во Барселона летото 2019 година за 18 милиони евра. Минатата сезона тој одигра само 18 натпревари во сите натпреварувања, и успеа да постигне еден гол и да заведе една асистенција.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.