SportM
Фудбал

Го шокираше светот со изборот на Украина, а сега е меѓу играчите кои молат да ја напуштат земјата

Д М24 фев 2022
Го шокираше светот со изборот на Украина, а сега е меѓу играчите кои молат да ја напуштат земјата

Бразилскиот фудбалер Давид Нерес (24) е еден од фудбалерите кои бараат помош од завојуваната Украина.

Нерес, заедно со уште неколку соиграчи кои играат за Шахтјор, бил фатен во хотел во Киев и кој побарал помош преку видео порака.

24-годишниот фудбалер дури неодамна пристигна во Украина од Ајакс. Тој во јануари потпиша петгодишен договор со Шахтјор, но не успеа да одигра ниту еден официјален натпревар.

Така ќе биде до понатамошно известување. Украинското првенство беше прекинато поради рускиот напад, а Нерес е задржан во хотелот.

Единствена среќа во големата несреќа е што овој фудбалер е во друштво на многу сонародници, па помошта би можела многу брзо да пристигне.

Нерес имаше бројни понуди во претходните години. Се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Атлетико, но остана верен на Ајакс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FC Shakhtar Donetsk (@fcshakhtar)

Кога се очекуваше да направи голем трансфер, Нерес не го направи тоа, а на крајот на краиштата ги шокираше сите со заминувањето во Украина, но го дочека вистински хорор.

Сега тој само сака да си оди дома и ќе видиме дали бразилските власти ќе успеат да ги спасат несреќните фудбалери и нивните семејства.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.