Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ ја загуби јубилејната титула, Меншик го освои Мастерсот во Мајами

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа да ја освои 100-та титула во кариерата.

Ѓоковиќ во големото финале на Мастерсот во Мајами беше подобар од младиот Чех Јакуб Меншик (19 години).

Меншик победи со 2:0 во сетови (7:6(4), 7:6(4)), по нешто повеќе од два часа игра.

Финалето беше одложено неколку часа поради дожд, а кога почна играчите се соочија со висока влажност и на моменти лизгав терен.

Ова не му одеше најдобро на Ѓоковиќ, кој го загуби сервисот на самиот почеток од мечот, но набрзо се навикна на временските услови и го скрши сервисот на противникот во седмиот гем.

Потоа и двајцата играчи ги задржаа своите сервиси, само за тајбрејк за на крајот да ги раздели.

Во него подобар беше Меншик кој по 56 минути игра поведе со 1:0 во сетови.

Во вториот сет немаше брејкови, иако Меншик имаше неколку брејк топки.

На тај-брејкот имаше идентично сценарио како во првиот сет и Меншик успеа да го прослави најголемиот успех во кариерата.

Меншик, кој пред почетокот на Мастерсот во Мајами беше на 54. место во светот, од денеска ќе биде на 24. место на најновата АТП ранг листа.