Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ направи преседан-Одби да даде интервју: Го навредувавте мојот народ и мене!

Новак Ѓоковиќ го победи Јиржи Лехечка, а потоа даде изјава во една реченица на теренот и продолжи понатаму. Го видовме како многу луто му објаснува на директорот на турнирот Крег Тајли што го мачи, а потоа на прес-конференција веднаш објасни што е проблемот. Тој всушност бил налутен од новинарот Тони Џонс! Тој е познат австралиски спортски новинар кој пред неколку дена даде скандалозна изјава. Тој даде непримерни коментари не само за Новак Ѓоковиќ туку и за српските навивачи, а Ѓоковиќ нема намера да го трпи тоа.

„Би сакал да кажам зошто не дадов интервју. Пред неколку дена, познат спортски новинар кој работи за официјалната телевизија AO NINE ги исмеваше српските навивачи и ме навредуваше. Toj одлучи јавно да не се извинува, ниту каналот „AO NINE“, па затоа што тие се официјални носители на ТВ-правата, решив да не давам изјава. Немам ништо против Куриер, ниту пак австралиската јавност. Не беше вистински момент на теренот да го кажам она што го мислам, па затоа го сторив тоа. Оставам на Канал „АО НИНЕ“ да го направи она што мисли дека е правилно“, рече Новак Ѓоковиќ на прес-конференцијата.

„Гледате како обожавателите на Новак во Мелбурн парк скандираат. „Новак е преценет“, „Времето на Новак истече“. јасно и во депортација од Мелбурн пред неколку години..