Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ: Не сум сигурен дали ќе се вратам

Трикратниот шампион Новак Ѓоковиќ навести дека можеби последен пат играл на Мастерсот во Мадрид, откако во второто коло излета од Италијанецот Матео Арналди. Србинот призна дека не знае дали повторно ќе се врати во шпанската престолнина.

Арналди го победи четвртиот носител Ѓоковиќ со 6:3, 6:4 и се пласираше во третото коло. Така 37-годишниот Србин го претрпе третиот последователен пораз.

Ѓоковиќ, кој ја брка 100. титула на АТП, претрпе изненадувачки пораз во финалето на Мајами кон крајот на март, пред да испадне во второто коло на Монте Карло претходно овој месец. Сите три порази беа во два сета.

„Очигледно, откако ќе изгубите натпревар, не се чувствувате добро, но јас имав неколку такви оваа година кога бев исфрлен во првата рунда, за жал“, рече Ѓоковиќ на прес-конференција.

„Мислам дека позитивната работа е што навистина се забавував повеќе отколку во Монте Карло или на кој било друг турнир, така што тоа е убаво. Но, моето ниво на тенис сè уште не е онаму каде што би сакал да биде. Но загубив од подобар играч“, додаде тој.

Србинот, кој дебитираше во Мадрид во 2006 година и го освои турнирот во 2011, 2016 и 2019 година, ја бараше својата прва победа на земјена подлога откако го победи Карлос Алкараз за злато на Олимписките игри во Париз 2024 година.

Запрашан дали го одиграл последниот натпревар во Мадрид, Ѓоковиќ рече: “Можно е. Можеби да. Не сум сигурен дали ќе се вратам. Значи, не знам, не знам што да кажам. Мислам дека ќе се вратам, можеби не како играч. Се надевам дека не, но може да се случи”.

Ѓоковиќ освои три од четирите Грен слем турнири во 2023 година, но оттогаш не успеа да ја покаже истата форма, бидејќи минатата година не освои трофеј.

„Тоа е некако нова реалност за мене, обидувајќи се да победам еден или два меча без да размислувам за понатаму на турнирот. Тоа е сосема поинакво чувство од она што го имав во повеќе од 20 години професионален тенис, така што за мене е еден вид ментален предизвик навистина да се соочам со тие чувства на теренот, да бидам нокаутиран рано сега на редовна основа на турнирите. – додаде Србинот.

Поранешниот светски рекет број 1 има рекорди на АТП Мастерс 1000 за најмногу победи (414), полуфинали (79), финалиња (60) и титули (40).