SportM
Други

Ѓоковиќ откри како „пораснал на 12 години“-Неговиот татко ги ставил последните пари на масата и го прашал: Дали си подготвен!

Редакција27 мај 2025
Ѓоковиќ откри како „пораснал на 12 години“-Неговиот татко ги ставил последните пари на масата и го прашал: Дали си подготвен!

Фото: tv21m

Новак Ѓоковиќ, во поткастот “(НЕ) Успех на прваците“ откри уште еден интересен, но многу значаен момент од неговиот живот. Практично објасни, како на негови 12 години морал да созрее и да стане практично возрасен.

Тој вели дека неговиот татко еднаш ставил 10 евра на масата и рекол дека тоа е сè што имале:

-Во тој момент, тој татковски инстинкт се разбуди во мене дека морам да станам возрасен дури и на 12 години. Ја разбрав неговата порака, но и покрај сето тоа, тој беше подготвен, ме поддржа сто проценти и рече дека ќе создадеме пари, ќе создадеме услови, ќе создадеме што и да е. Ми рече, иако сега нема јасен пат, ние ќе го создадеме и само треба да ми кажеш – дали си подготвен за ова“, објаснува Ѓоковиќ.

Како што е познато кога растел Ѓоковиќ и ја почнувал својата тенисерска кариера биле во тек бурните деведесети години, пред се бомбардирањето на Белград од страна на НАТО. Во тоа време, освен од безбедносен аспект, животот бил тежок и од финансиска гледна точка.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.