Connect with us

Фудбал

Голем потпис во Барселона!

Навивачите на Барселона денеска добија феноменална вест.

Талентираниот Ансу Фати потпиша нов договор со каталонскиот гигант, а клубот утре и официјално ќе објави продолжување на соработката со овој 18-годишник.

Дека се е договорено, вечерва потврди потпретседателот на Барселона, Рафаел Јусте.

“Се е готово и наскоро ќе објавиме продолжување на соработката со Фати. Ова е одлична вест за Барселона и нашите навивачи”, рече Јусте.

Фати денеска потпиша нов договор, утре ќе пристигне официјална потврда, а клаузулата за обештетување во договорот на младиот фудбалер ќе изнесува една милијарда евра.

Ансу Фати дебитираше за Барселона во 2019 година. Одигра вкупно 47 натпревари и постигна 15 голови.

Реклама

Facebook

Реклама