Голем пресврт: ПСЖ реши да го купи договорот на Икарди од Интер

Мауро Икарди го напушти Интер пред почетокот на оваа сезона и замина на позајмица во ПСЖ до крајот на оваа сезона.
Поради неговото однесување, Икарди стана непожелен во Интер, а откако Антонио Конте го презеде клубот, тој му рече на аргентинскиот напаѓач дека нема да смета на него.
На крајот на летниот рок Икарди успеа да најде ангажман во ПСЖ што го донесе на позајмица. Аргентинецот беше брилијантен во првиот дел од сезоната кога постигна дури 17 голови.
Сепак, во вториот дел го загуби своето место во првиот состав и успеа да постигне само три гола во претходните три месеци. Поради ова, се појавија шпекулации дека ПСЖ се откажал од негово доведување и дека ќе се врати во Интер.
Сепак, „Кориере дело Спорт“ објави денеска дека дознале од извори блиски до Интер дека ПСЖ ќе го купи договорот на Икарди на крајот на сезоната, и дека го контактирале Интер.
Така, Интер ќе заработи 70 милиони евра од продажбата на Аргентинецот, што е еднакво на неговата откупна клаузула во договор со парижаните.
D’après le Corriere dello Sport, le PSG a décidé de lever l’option d’achat de Mauro Icardi d’un montant de 70 M€. pic.twitter.com/8lC0QAHr6m
— Actu Foot (@ActuFoot_) April 7, 2020



