SportM
Фудбал

Голем скандал поради недосудениот пенал за Торино: Овој човек го излажа цел свет (ВИДЕО)

Д М15 мар 2022
Голем скандал поради недосудениот пенал за Торино: Овој човек го излажа цел свет (ВИДЕО)

Торино и Интер минатиот викенд одиграа натпревар од Серија А, кој заврши 1:1, но овој натпревар донесе многу контроверзии.

При резултат 1:0 за Торино, судијата Марко Гуида пропушти чист пенал за домаќините откако Андреа Раноки го собори Андреа Белоти во шанса за гол.

По мечот во Торино беа многу лути на судиите на овој меч, но после се се покажа дека виновникот за се е Давиде Маса, кој седеше во ВАР собата.

Италијанските медиуми тврдат дека Маса му рекол на Гуиди дека нема потреба да се гледа видеото и дека Ранокија ја допрел топката пред да го удри Белоти по ногата.

Немаше никаква врска со вистината. Јасно е дека Ранокија удира во ногата на напаѓачот на домашната екипа, па Торино беше оштетен за чист пенал, а веројатно и за победа.

https://youtu.be/ALpVYtERXzc

Интер успеа да израмни на крајот во 93. минута од натпреварот кога Алексис Санчез погоди за 1:1.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.