SportM
Фудбал

Голем трансфер на повидок: Фиорентина се согласи, Влаховиќ импресиониран со фигурата и подготвен да потпише

Д М21 јан 2022
Голем трансфер на повидок: Фиорентина се согласи, Влаховиќ импресиониран со фигурата и подготвен да потпише

Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ (21) е голема ѕвезда на овој преоден рок.

Интересот на богатите клубови за 21-годишниот напаѓач е огромен, а Арсенал е тој кој прави се за да го доведе во своите редови.

Влаховиќ претходно наводно одбил да слушне за Арсенал, но весникот Ла Република тврди дека Србинот се предомислил и сака да замине во Лондон.

Според информациите со кои располага овој весник, Арсенал веќе договорил трансфер со Фиорентина околу трансферот на одличниот напаѓач вреден 70 милиони евра.

Исто така, тие се подготвени да одвојат пари за да ги ’радуваат’ агентите на фудбалерите на Фиорентина, а младиот напаѓач доби и огромна понуда, која го воодушеви.

Наводно би имал плата од 160.000 фунти неделно, а Влаховиќ сега сериозно размислува да премине во редовите на Топџиите од Лондон.

https://youtu.be/BXBqOAdbKRA

Душан Влаховиќ сезонава постигна 20 гола на 23 настапи, а за „виолите“ на 107 натпревари постигна вкупно 49 гола.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.