SportM
Фудбал

Голема трагедија на фудбалски меч, падна трибина, тројца навивачи загинаа, над 70 повредени!

E R22 јун 2025
Голема трагедија на фудбалски меч, падна трибина, тројца навивачи загинаа, над 70 повредени!

Фото: tv21m

Тројца гледачи загинаа, а повеќе од 70 се повредени откако паднаа од горните трибини на стадион во главниот град Алжир за време на натпревар на локалниот клуб МЦ Алжир, соопштија денеска здравствените власти во земјата.

„Универзитетската болница Бени Месус прими 38 повредени лица, а регистрирани се три смртни случаи. Болницата Бен Акноун, исто така, прими 27 повредени лица, додека болницата Баб Ел Оуд прими 16“, се наведува во соопштението на алжирското Министерство за здравство.

Алжирскиот претседател Абделмаџид Тебун изрази сочувство и им посака брзо закрепнување на повредените.

Локалните медиуми објавија дека гледачите паднале откако се урнала оградата на горната трибина на стадионот на МЦ Алжир, а Фејсбук страницата на телевизијата Ел Хедаф објави видео на кое се гледа како дел од оградата се урива на долната трибина.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.