SportM
Фудбал

Големата промена на Реал доаѓа на сцена во понеделник

Д М23 јун 2022
Големата промена на Реал доаѓа на сцена во понеделник

Шампионот на Европа и Шпанија, тимот на Реал Мадрид, реши да влезе во новата сезона со интересна промена.

По 19 години соработка, кралскиот клуб повеќе нема да го има Audi како клупски спонзор, кој одлучи да ги намали средствата за фудбалот и ќе се повлече од голем број клубови.

Меѓу нив е и Реал Мадрид. Договор за продолжување на соработката не е постигнат, а Audi во иднина целосно ќе се посвети на тимот на Баерн, во чија сопственичка структура има акции оваа компанија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BMW (@bmw)

Сепак, Реал веќе се договорил за нов клупски спонзор. Тоа е големиот ривал на Ауди, БМВ, па оваа германска компанија од следната недела ќе ги спонзорира европските шампиони и нивните играчи.

Така, фудбалерите на Реал во иднина ќе возат клупски автомобили БМВ, иако е вистинска реткост да се видат во спонзорски автомобили кога доаѓаат на тренинзи.

BMW е европски лидер во продажбата на луксузни автомобили пред Audi, Lexus и Mercedes. Тој во моментов е главен спонзор и на тимот од Милано, но нема дилема дека Реал е многу поголем предизвик во моментов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BMW (@bmw)

Не се знае колкава е вредноста на договорот меѓу двете големи компании, а претставувањето на новиот договор ќе биде одбележано на свеченост во понеделник.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.