SportM
Фудбал

Големи промени во Баерн, заминува и Хасан Салихамиџиќ

Д М22 ное 2018
Големи промени во Баерн, заминува и Хасан Салихамиџиќ

Хасан Салихамиџиќ од следното лето веројатно нема повеќе да биде спортски директор на Минхен Баерн.

Баварскиот гигант најави големи промени во тимот, но во водство, а според германските медиуми, Хасан Салихамиџиќ од следното лето нема да биде спортски директор на тимот.

Неговото место ќе го преземе Макс Еберл, кој моментално ја држи оваа позиција во редовите на Борусија Менхенгладбах и работи навистина добра работа.

Така Салихамиџиќ по две години ќе ја напушти функцијата на спортски директор кој ја работел во многу тежок период за баварскиот клуб.

Покрај Салихамиџиќ, долгогодишните лидери Карл-Хајнц Румениге и Ули Хенес веројатно ќе го напуштат клубот следното лето.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.