Connect with us

Фудбал

Големиот Мане: Наместо Ферари и дијамантски часовници, гради училишта и помага на сиромашните

Фудбалерот на Ливерпул Садио Мане ретко зборува за својот приватен живот. Она што е познато е дека е Муслиман, дека пораснал во голема сиромаштија и дека неговиот татко му забранувал да игра фудбал.

Сега игра на големата фудбалска сцена, стана ѕвезда, но се чини дека тоа не го сменило.

-Немав што да јадам, работев на нива, не можев да одам на училиште. Беа тоа навистина тешки времиња, се потсетува Сенегалецот.

Парите кои ги заработува, а се работи за голема сума, не го импресионираат, освен како средство со кое им помага на другите луѓе.

-Зошто би сакал 10 Ферарија, 20 дијамантски часовници и два авиони. На кого тоа нешто му значи. Како тогаш би им помогнал на другите. Тоа што заработувам добро е шанса да им помогнам на другите. Наместо да ги трошам парите на работи кои не ми се потребни, градам училишта, купувам храна и облека за сиромашните, за оние кои немале среќа како јас, вели Мане.

Според светските медиуми, во еден од најсиромашните делови во Сенегал, Мане на секое семејство месечно им дава по 70 евра за да преживеат, односно за да им биде полесен животот.

Минатата година донираше 200 илјади фунти за изградба на училиште во Сенегал. Постојано донира за борбата против ХИВ во Малави.