SportM
Фудбал

Големо засилување пристигна во Милан, следува потпис (ВИДЕО)

Д М16 јул 2021
Големо засилување пристигна во Милан, следува потпис (ВИДЕО)

Францускиот репрезентативец Оливие Жиру пристигна во Милано.

Жиру, кој го освои Светското првенство со Франција во 2018 година, пристигнува во Милан од Челззи за еден милион евра со дополнителни милиони евра преку бонуси.

34-годишниот фудбалер пристигна на клиниката во Ла Мадонина во Милано рано утрово и денес ќе ги мине медицинските прегледи пред да потпише за „росонерите“.

Тој се поздрави со некои навивачи и новинари на Милан кои го чекаа пред клиниката, велејќи им: „Форца Милан“.

Тој ќе потпише двегодишен договор со Милан, откако претходно одигра 119 натпревари за Челзи и постигна 39 погодоци. Играше и за Арсенал, Монпелје, Гренобл, Турес и Истра.

Иако има 34 години, во Милано се убедени дека тој може да придонесе за клубот во следните две години, а се очекува да биде замена за Златан Ибрахимовиќ, кој во последно време имаше многу проблеми со повредите.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.