Голманот кој и донесе бод на Севилја во 94: „Не знаев како да славам“

Благодарение на голот на мароканскиот голман Боно, Севилја синоќа освои бод во Ваoљадолид.
Во 94. минута, по гужвата, Боно успеа да шутира и да ја смести топката во мрежата. Обично голманските напади во такви ситуации ретко носат предност во корист на напаѓачката екипа, но на Андалузијците голманот му донесе бод.
“Неверојатно е, тешко е да се опише. Најлошо од сè, не знаев како да славам. Мојата работа е да го бранам својот гол, така што е невообичаено и нешто сосема ново кога ќе постигнам гол“, изјави Боно.
“Тоа го направив и во Жирона, па сметав дека е добро да одам во шеснаесетникот на Ваљадолид. Го погледнав тренерот, тој ми даде одобрување и на крајот се покажа одлично”, додаде тој.
По овој бод, Севиља остана четврта со 55 бода и е се поблизу до пласман во Лигата на шампионите, бидејќи има 10 бода повеќе од Сосиедад.



