SportM
Фудбал

Голманот на Борусија Дортмунд прво направи глупост, а потоа ги шокираше сите со својата реакција

Д М17 окт 2022
Голманот на Борусија Дортмунд прво направи глупост, а потоа ги шокираше сите со својата реакција

Борусија Дортмунд е поразена на гостувањето кај Унион Берлин со 2:0.

Иако се очекуваше Дортмунд да се обиде да дојде до три бода на овој меч, сепак на крајот не успеа да спаси ниту еден бод.

За гостите почна навистина лошо бидејќи примија гол во осмата минута по катастрофалната грешка на голманот Кобел.

Имено, еден од соиграчите му ја врати топката, Кобел се лизна, и практично ја турна топката малку подалеку од него.

Меѓутоа, неговата реакција после тоа ги шокираше сите, па дури и коментаторите кои не можеа да поверуваат што се случува.

Кобел остана да лежи на тревата, без никаква потреба, наместо да стане и да се обиде да стигне до топката пред Хаберер.

Голманот на Борусија Дортмунд не се ни потруди да ја поправи грешката која ја направи, а домашниот напаѓач го искористи подарокот.

Грешката на Кобел и голот на Хаберер можете да ги погледнете.

Хаберер постигна уште еден гол пред крајот на полувремето, во 21. минута кога му асистираше на Зибаче, за конечни 2:0.

Унион Берлин по оваа победа остана на првото место на табелата и има четири бода повеќе од второпласираниот Баерн.

Од друга страна, Борусија Дортмунд сега е на осмата позиција со шеснаесет бодови.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.