Connect with us

Фудбал

Голманот на Валенсија повторно клекна, но не изгледаше како добра тактика да се одбрани пеналот (ВИДЕО)

Голманот на Валенсија, Жауме Доменех направи неверојатна работа за време на натпреварот од Копа дел Реј против второлигашот Картагена.

Валенсија со 2:1 славеше на гостувањето кај Картагена и се пласираше во осминафиналето на Купот на Шпанија. Головите ги постигна Солер во 35. Черишев во 93. минута.

Во 75. минута домаќинот успеа да израмни со голот на Ортун од пенал, но по продолжение беше елиминиран од Купот.

Додека Ортуно се подготвуваше да го изведе пеналот, голманот на Валенсија Доменек падна на колена и чекаше противникот да шутира.

На овој начин се обиде да ги поремети плановите на Ортуна, но на крајот тоа не му помогна бидејќи домашниот фудбалер ја затресе мрежата.

Ова не е прв пат за Доменек, бидејќи претходно на сличен начин се обидуваше да брани пенали, а клекна и на линијата кога Лионел Меси требаше да шутира пенал, на еден од претходните натпревари меѓу Валенсија и Барселона.

Реклама

Facebook

Реклама