SportM
Фудбал

Голот на Стерлинг за Сити беше доволен за победа против Арсенал

Д М17 окт 2020
Голот на Стерлинг за Сити беше доволен за победа против Арсенал

Во петтото коло од англиската Премиер лига Манчестер Сити беше домаќин на Арсенал, и оствари минимална победа со резултат 1:0.

Можеби се очекуваше повеќе од дербито на „Етихад“, но сепак на крајот само еден гол беше доволен за новите три бода на тимот на Пеп Гвардиола.

Од самиот почеток Сити воспостави доминација, а стигна до целта во 23-та минута. Рахим Стерлинг ја стави одбиената топка во мрежата на „топџиите“ и кој би рекол дека тоа ќе биде и последниот и единствениот гол на вечерашниот натпревар.

Сити продолжи да биде подоминантен, постојано напаѓаше и ја одржуваше топката во своите нозе, но не успеа да обезбеди нов гол, додека Арсенал немаше сили да извлече барем бод од тешката игра на гости.

За Сити ова е втора победа во шампионатот, додека Арсенал го забележа вториот пораз. Топџиите се петти со девет бода, додека лидерот Евертон има 13 бода. Сити сега е 10-ти со седум бода.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.