Готово е? Новиот клуб веќе ги подготвува дресовите на Меси и најавува рекордна продажба на истите

Лионел Меси би можел да ја напушти Барселона на крајот од тековната сезона.
Меси сакаше да го стори истото минатото лето, но на крајот остана, бидејќи не беше можно да си замине како слободен агент и без обештетување. Аргентинецот ќе остане до крајот на сезоната 2020/21, а потоа би можел да го носи дресот на друг клуб во слободен трансфер.
Прво, Пеп Гвардиола од Манчестер Сити изгледаше како најголем фаворит за ангажман на Меси, а сега лидерите ПСЖ и се наведува дека постојат три јасни причини зошто Меси би заминал во Париз.
Првата причина е што неговиот пријател Нејмар игра за ПСЖ, втората е што Бразилецот им даде ултиматум на челниците на францускиот клуб дека ќе си замине доколку не го донесат Меси и третата е секако фактот дека ПСЖ е меѓу неколкуте екипи што можат да ги исполнат сите барања на Меси. И на крајот на краиштата, ова е тим што ќе се обиде да ја освои Лигата на шампионите.
Иако таткото на Меси, Хорхе, тврди дека не преговара со ПСЖ или со кој било од клубовите, новинарот Робин Бајнер открива дека трансферот на Меси во ПСЖ е се поблизу до реализација.
Според неговите извори, челниците на ПСЖ им соопштиле на своите партнерски продавници дека се подготвуваат за нагло зголемување на продажбата и дека истото ќе биде последица на продажбата на дресови со името на Меси.
Sвездата на Барса нема намера да размислува за иднината и сака да дава се од себе на теренот на секој натпревар. Покрај тоа, goal.com објави дека „досега немало никаков контакт помеѓу кандидатот за нов претседател на Барселона и Меси“. Изборите за избор на нов претседател на каталонскиот клуб се закажани на 24 јануари. Тие можат да бидат клучни за иднината на Меси.
Оваа сезона Меси одигра 15 натпревари за Барселона и постигна осум гола а запиша четири асистенции.



