Готово е за Герет Бејл: Залудно се надеваше…

Герет Бејл доби шанса во Тотенхем, кој го донесе на позајмица од Реал Мадрид, но Велшанецот се надеваше дека ќе се врати во Шпанија.
Пред неколку дена тој рече дека нема намера да остане во Англија и дека сака да се врати во Мадрид и да докаже дека е доволно квалитетен за да биде член на Кралскиот клуб.
Сепак, Марка сега објави дека нема место за Бејл во Реал и дека тој дефинитивно нема да биде дел од тимот во сезоната 2021/22.
Со продажба на Бејл, Реал би заштедил дополнителни 30 милиони евра колку што е должен да плаќа годишно, па сигурно дека репрезентативецот на Велс или ќе мора да остане во Тотенхем или да бара друг тим, бидејќи тој повеќе нема да игра во Реал.
31-годишниот напаѓач има договор со Реал до летото 2022 година и тоа е исто така една од причините што планираат да го продадат на крајот на сезоната.
Како член на Спарс, тој постигна 10 гола на 25 натпревари со три асистенции.



