Поврзи се со нас

Фудбал

Градежна компанија ја турка Барселона во банкрот поради работата на фасадата на зградата Ла Масија?

Градежната компанија Муро Кортина Модулар Рентинг (МЦМ) започна процес според кој Барселона ќе мора да прогласи целосен банкрот.

МЦМ сака да собере три и пол милиони евра долг од Барселона за работа на фасадата на клупската академија Ла Масија и сега ги бара своите претходно заработени пари пред каталонските судови.

Договорот беше потпишан помеѓу Барселона и споменатата компанија на крајот на 2010 година, додека претседател на каталонскиот тим беше Сандро Росел, а крајниот рок за исплата на парите беше 30 јуни 2018 година. Едно судење меѓу МЦМ и Барселона веќе заврши.

Претходно, Барселона ја доби судската постапка, бидејќи докажа дека МЦМ извршила прекршоци во договорот, поради што оваа компанија мораше да им исплати на Каталонците 900.000 евра, но сега според Марка следува нова судска битка меѓу двете страни

loading...

Facebook