Гризман: Сакам да играм во МЛС

Сјајниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, вели дека би сакал да ја заврши кариерата во МЛС.
Иднината на Гризман е шпекулативна во шпанските медиуми. Одличните игри овој француски фудбалер го привлече вниманието на многу великани, меѓу нив и Барселона, но Гризман одлучи да не се огласува по тоа прашање.
Но, затоа тоа не е тајна која ќе биде негова последна станица.
“Сакам да игра во МЛС, таму би сакал да ставам крај на кариера. Луѓето во САД имаат различен став од другите. Целата земја сакам, затоа што никој не признава кога сум таму”, рече Гризман, чија сестра исто така живее во САД.
Гризман исто така, неодамна рече дека доколку би можел да бира, тој би сакал да игра за новоформираниот Интер од Мајами кој го основа легендарниот Дејвид Бекам.



