Гризман го промени своето мислење за Нејмар

Антоан Гризман пристигна во Барселона минатото лето од Атлетико Мадрид, но тој сè уште не се вклопи добро во каталонскиот клуб.
Гриезман блесна неколку пати оваа сезона, но навивачите на Барселона бараат многу подобра игра од него. Каталонците успеаја да го доведат Гризман за 120 милиони евра ова лето, иако многумина рекоа дека можеби е подобро да се вложат тие пари за враќањето на Нејмар.
Барселона работеше цело лето да го врати Нејмара во клубот, но на крајот не успеаја да постигнат договор со ПСЖ. Сепак, веќе е јасно дека Каталонците ќе се упатат кон Нејмар на крајот од оваа сезона, кој јасно покажа дека има желба да се врати на „Камп Ноу“.
Парите не треба да бидат проблем за челниците на Барса кои планираат да го расчистат тимот, а прв што ќе се најде на трансфер-листата е Дембеле, кој разочарува со своите игри од доаѓањето од Борусија Дортмунд за вртоглави 140 милиони евра.
Шпанските медиуми објавија дека Гризман не бил пресреќен што ова лето Барса сака да го врати Нејмар, бидејќи тоа би го загрозило неговото место во почетниот состав.
Но, според „Мундо Депортиво“, тој рече дека нема ништо против враќањето на Бразилецот и дека верува дека би имал многу добар однос со него. Гризман исто така нема намера да ја напушти Барса, ако Нејмар пристигне посочи дека е подготвен да се бори за своето место во тимот.



