SportM
Фудбал

Гризман лудуваше во тунелот со камерата, и повторно не заблеска на теренот

Д М14 дек 2020
Гризман лудуваше во тунелот со камерата, и повторно не заблеска на теренот

Фудбалерите на Барселона вечерва со многу напор го совладаа Леванте со 1:0.

Херој на каталонскиот клуб, кој знае по кој пат, беше Лионел Меси, кој успеа да го постигне единствениот гол во самиот финиш од играта.

Вечерва од првата минута играше и Антоан Гризман, кој имаше неколку одлични можности, но не успеа да се запише во листата на стрелците.

Но, Гризман очигледно беше многу расположен вечерва, а тоа најдобро го покажува снимката од тунелот пред почетокот на второто полувреме кога реши да ги насмее гледачите на овој натпревар.

„Моментот“ на Гризман во тунелот можете да го погледнете ОВДЕ .

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.