SportM
Фудбал

Гризман прогласен за најдобар играч во Лига Европа

Д М31 авг 2018
Гризман прогласен за најдобар играч во Лига Европа

Францускиот репрезентативец Антоан Гризман е избран за најдобар фудбалер во Лига Европа за сезоната 2017/18.

Гризман со својот клуб Атлетико Мадрид, минатата сезона ја освои Лигата на Европа.

– Многу сум среќен и горд на наградата. Сакам да им се заблагодарам на сите што работата во Атлетико, како и на тренерот и соиграчите, изјави Гризман.

Тој не можеше да присуствува на денешната церемонија на доделување награди, бидејќи утре  го очекува дуел против Селта Виго во шпанската Ла Лига.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.