Гвардиола: Фудбалерите не треба да ми се извинуваат
Д М21 сеп 2018

Тренерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола изјави дека не им се лути на своите играчи за поразот од Олимпик Лион на стартот од Лигата на шампионите.
Францускиот тим победи во Манчестер со 2:1, а натпреварот Гвардиола поради суспензија го следеше од трибините.
Тимот на Сити исклучително лошо играше, а новинарите го прашаа тренерот дали ќе побара извинување од играчите.
– Заради што да се извинат? Трчаа, се бореа, се обидуваа да се вратат во игра… Противникот ги казни нашите грешки и тоа е тоа. Навистина нема потреба да се извинуваат, истакна Граврдиола.
Првакот на Англија утре му гостува на Кардиф во шестото коло од Премиер лигата.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



