Гвардиола ја ублажува болката со два спектакуларни трансфери

Лигата на шампионите станува опсесија на Пеп Гвардиола, секоја сезона има одлични екипи на располагање, не успева по трет пат да го освои најпрестижниот трофеј во клупскиот фудбал.
Последниот болен удар на Гвардиола со неговиот Манчестер Сити дојде во средата кога Граѓаните беа шокантно исфрлени од Реал Мадрид по продолженијата.
Според најавите од Англија, шпанскиот стручњак ќе ја ублажи болката со два сензационални трансфери, откако во јануари беше комплетирано доведувањето на одличниот Јулиран Алварез од Ривер Плата.
Ерлинг Халанд на лето би требало да пристигне на „Етихад“, што исто така е готова работа за многумина, но и Френки де Јонг од Барселона.
Граѓаните од 2011 година потрошиле 940 милиони евра за купување играчи, а сосема е јасно дека по летниот преоден рок тие ќе надминат милијарда евра.
На граѓаните им треба одличен напаѓач, па не е чудно зошто со сите сили заминаа по Халанд, додека доаѓањето на Де Јонг беше најавено како освежување на средниот ред.
Рахим Стерлинг, Габриел Жесус, Ријад Махрез и Илкај Гундоган влегуваат во последната година од договорот и може да го напуштат клубот во текот на летниот преоден рок.
Гвардиола ќе влезе и во последната година од договорот, па од сегашна перспектива има само уште една шанса да ги однесе Граѓаните на покривот на Европа.



