Поврзи се со нас

Фудбал

Гвардиола откри за што разговарал со Клоп: „Ова е катастрофа“ (ВИДЕО)

Пеп Гвардиола имаше еден подолг разговор со Јирген Клоп откако нивните екипи во неделата ремизираа на „Етихад“ (1-1).

По нерешените средби меѓу Сити и Ливерпул се виде дека Клоп и Пеп имаат што да си кажат едни на други, а поранешниот тренер на Барселона и Баерн им откри на новинарите за што всушност разговараат.

“Разговаравме за правилото за пет замени на еден натпревар. Имаме многу играчи и многу случаи низ целиот свет, пет промени се клучни. Но, тука е спротивното. Разговаравме многупати за тоа. Сега „црвените”го загубија Трент Александар-Арнолд поради повреда. Во Премиерлигата ние веруваме дека сите сме обединети и единствени и воопшто не ги заштитуваме играчите и не се грижиме за нивното здравје. Ова е катастрофа “, рече Гваридола.

Иако многумина го задржаа правото на пет замени на натпреварот, Англичаните се едни од ретките на чии натпревари сè уште е можно да се направат максимум три замени.

loading...

Facebook