Гвардиола откри за што зборуваше со Зидан, навивачите на Барса лесно можат да се налутат

Големото внимание на социјалните мрежи предизвика разговорот помеѓу Пеп Гвардиола и Зинедин Зидан пред две ноќи.
Двајцата останаа сами на „Етихад“ и разговараа неколку минути откако заврши натпреварот од 16 коло во Лигата на шампионите.
Новинарите го забележаа тоа, сликаа и ги снимаа, а сето тоа заврши на Твитер.
Многумина беа заинтересирани за што зборуваа двајцата по натпреварот, а шпанскиот стручњак го откри тоа денеска.
„Му честитав за освојувањето на Ла Лига. Отсекогаш велев дека шампионатот е најтежок за освојување затоа што покажува дека тимот е подготвен 11 месеци“, рече Гвардиола, додавајќи:
„Разговаравме за нашите семејства и му посакав се најдобро. Тој беше еден од моите идоли кога играв. Игравме еден против друг со националните тимови. Тој беше еден од најголемите и како човечко суштество може да послужи како пример за сите. Ми се допаѓа тоа како ја претставува нашата професија“.
Гвардиола со тоа само потврди дека е одличен џентлмен бидејќи му честиташе на Зизу за титулата шпански шампион, и покрај тоа што ја зграпчи од „пред носот“ на „неговата“ Барселона.
Патем, Сити го совлада Реал во реваншот со 2: 1 и напредуваше во четвртфиналето каде го чека Лион.
Guardiola and Zidane’s post match chat an eerily empty stadium pic.twitter.com/kB3e0ziitl
— Fútbol es la leche (@futboleslaleche) August 7, 2020



