Гвардиола по суспензијата го напушта Сити и веќе се знае кои клубови сакаат да го доведат

Манчестер Сити се исфрлени од натпреварите на УЕФА во наредните две сезони заради нарушување на финансискиот фер-плеј.

Клубот од „Етихад“ вчера доби шокантни вести од УЕФА и нема да може да игра во Европа наредните две години, а покрај тоа Сити ќе мора да плати и казна од 30 милиони евра.

Манчестер Сити веднаш објави дека ќе поднесе жалба на оваа одлука на УЕФА и барем ќе се обидат да ја спасат ситуацијата. Сепак, тешко е дека УЕФА ќе „омекни“, бидејќи тоа се навистина сериозни прекршоци од англискиот клуб.

Ако казната остане во сила по жалбата, тогаш е јасно дека на Сити му претстојат уште две тешки години. Веќе се шпекулира дека многу sвезди ќе го напуштат клубот затоа што сакаат да играат во Лигата на шампионите, а Пеп Гвардиола веројатно ќе ги спакува куферите.

Нема да биде тешко за шпански стручњак да најде работа, а веќе некои клубови покажаа интерес за него. Наводно, Јувентус е во најдобра позиција бидејќи преговараше со Гвардиола уште пред оваа збрка.

Англиските медиуми објавија дека можни дестинации на Гвардиола покрај Јувентус се ПСЖ и Баерн од Минхен. Но, сè ќе стане појасно кога УЕФА ќе донесе конечна одлука по жалбата на Манчестер Сити.