SportM
Фудбал

Гвардиола се коцка, но нема друг избор: Вечерва напаѓачот против Реал ќе биде десен бек?

Д М26 апр 2022
Гвардиола се коцка, но нема друг избор: Вечерва напаѓачот против Реал ќе биде десен бек?

Првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите е закажан за вечерва, а на „Етихад“ ќе се сретнат Манчестер Сити и Реал Мадрид.

Тренерот на граѓаните Пеп Гвардиола се соочува со големи проблеми пред овој натпревар, особено на позицијата десен бек.

Шпанскиот стручњак на таа позиција не може да го искористи Жоао Кансело бидејќи е суспендиран, додека Кајл Вокер се повреди и неговиот настап се уште е неизвесен. Во прашање е и Џон Стоунс.

Така, Пеп Гвардиола размислува да го игра Габриел Хесус како десен бек на натпреварот против Реал Мадрид, пишуваат англиските медиуми. Тој потег би бил навистина изненадувачки со оглед на тоа што тој е напаѓач, но Гвардиола ги демантираше ваквите вести.

Во последното коло од Премиер лигата, напаѓачот постигна дури четири гола против Вотфорд и додаде асистенција, па би било неверојатно да го видиме само еден натпревар подоцна во одбраната.

Англичаните забележуваат дека Хесус е многу брз, агресивен играч и одлично ја врши работата во одбраната. За оваа позиција се уште се размислува за Нејтан Аке и Зинченко, но и двајцата се левоноги играчи. Сега останува да видиме со кого ќе игра Пеп Гвардиола на овој меч.

„Гвардиола вечерва игра рулет за позицијата десен бек“, пишуваат Англичаните, но од Гвардиола стигна демант.

Тој само се насмеа на изјавата на новинарот и рече дека Габриел нема да игра десен бек.

Натпреварот Менчестер Сити – Реал Мадрид се игра со почеток од 21 часот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.